Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Домати Картонска кутија 6-7kg
Домати Дрвена гајба 8-9kg

Галерија

ДОМАТИ

Доматот се конзумира на различни начини: свеж, како состојка во многу јадења, сосови, салати и пијалоци. Тие содржат carotene lycopene, еден од најмоќните природни анти оксиданси. Доматите се богат извор на минерали и витамини. Тие не само што ја задоволуваат потребната хранлива вредност на нашето тело туку и ја прават храната повкусна. Тие се основен дел од секојдневната  исхрана. Доматите се богат извор и на каротен, кој се претвара во витамин А после внесување во нашето тело. Витаминот А е добар за очите и исто така помага во задржување на сјајот на кожата.

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
             

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Краставица Вреќа 7-8kg
Краставица Картонска кутија 7,5-8,5kg
Краставица Дрвена гајба 
400 * 600 mm
8-9kg

Галерија

КРАСТАВИЦА

Краставицата како здравствена поддршка го снабдува организмот со фитонутритиенти. Вклучени меѓу другите фитонутритиенти се флавоноидите, лигнансот и терпенесот. Краставицата е одличен извор на анти-имфлаторниот витамин К. Тие се исто така многу добар извор на ензимот – кофактор молибден како и на витамин Ц, потасиум и магнезиум кои се добри за здравјето на срцето, манганот кој е добар за коските на организмот како и на витаминот Б5. Исто така го содржат и менералот силика кој што е добар за ноктите.

 

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
             

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Лута зелена пиперка Полиетиленски вреќи 50 парчиња 2-3 кг
Блага зелена пиперка Полиетиленски вреќи 5kg
Црвена пиперка Картонска кутија 400x600мм
Вреќа
10-12kg
15-20kg

Галерија

ПИПЕРКА

Пиперките се богат извор на антиоксиданси и витамин Ц. Споредбено со зелената пиперка, црвената пиперка има повеќе витамини и нитрати и го содржи антиоксидантот ликопен. Нивото на каротин, како ликопен, е девет пати повисоко во црвената пиперка. Црвените пиперки содржат два пати повеќе Витамин Ц од зелената пиперка. Исто така, една голема црвена бабура содржи 209 мг витамин Ц што е за 3 пати повеќе од количината на витамин Ц во портокалот. Специфичната арома на зелената пиперка е предизвикана од ИБМП (3-isoButyl-2-methoxypyrazine). Во допир со вода се проценува дека изнесува 2 нг/Л. Истата хемиска реакција е причинител за карактеристичната зелена боја .

Достапност

Производ Вид на пакување Нето тежина
Лута зелена пиперка Полиетиленски вреќи 50 парчиња 2-3 кг
Блага зелена пиперка Полиетиленски вреќи 5kg
Црвена пиперка Картонска кутија 400x600мм
Вреќа
10-12kg
15-20kg

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Кромид Вреќа 10-13kg
Кромид Дрвена гајба 4-7kg

Галерија

КРОМИД

Како прехрамбен производ кромидот најчесто се користи како додаток во храната, се конзумира свеж или како состојка во солените јадења. Кромидот се користи како состојка, најчесто сецкан, во разни здрави топли предјадења, и исто така се употребува како главна состојка во Француска супа од кромид и во сос од кромид. Кромидот се служи на  различни начини: потпечен, варен, пржен, печен на скара, потпржен а може да се конзумира и свеж во салати. Кромидот содржи 89% вода, 4 % шеќер, 1% протеини, 2% растителни влакна и 1% маснотии. Исто така содржи Витамин Ц, Витамин Б6, фолна киселина и други бројни хранливи материи во мали количини. Кромидот содржи низок процент на масти и натриум. Со енергетска вредност од 166 кј (40 kcal) во 100 грама може да придонесе во зголемување на вкусот на солените јадења без значително да ги зголеми калориите.

 

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
Кромид                  
Млад кромид                      

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Зелка Дрвена гајба 
400 * 600mm
9-12kg
Зелка Дрвена бокс палета 750-850kg

Галерија

ЗЕЛКА

Зелката наоѓа примена на многу начини, како свежа во салати, варена и скиселена – конзервирана. Зимната зелка – Савој најчесто се користи за салати, додека сортите зелка со мазни листови се користат и како свежи, но и за преработка. Карактеристичниот вкус зелката го добива од гликозата која во себе содржи сулфур. Иако во мали количини ја има распространето низ цело растение, сепак оваа компонента е најзастапена во семето, во помали количини се среќава во младото растение, а со растењето на листот се повеќе се губи. Зелката е извор на бета-каротен, витамин Ц и целулоза. Со конзумирањето на овој зеленчук, се намалува ризикот од добивање некои видови рак, особено рак на гастро-интестиналниот тракт. Ова е најверојатно резултат на гликозинолатите кои се среќаваат во зелјестите растенија, а имаат улога на моќен метаболитички детоксификатор, како и на богатството со сулфур, што исто така резултира со бројни метаболитички анти-канцерогени активности.

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
 

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Лубеница Картонска бокс палета 800kg
Лубеница Дрвена бокс палета 450-800kg

Галерија

ЛУБЕНИЦА

Лубеницата во својот состав содржи 6% шеќер и дури 91% вода. Како и многу други видови овошје, лубеницата е богата со витамин Ц. Амино-киселината Цитролин најпрво е откриена и анализирана во лубеницата. Лубеницата содржи значително количество од оваа амино-киселина, па после конзумирањето на неколку килограми лубеница, се забележува зголемена концентрација на истата во крвната плазма. Затоа, лубеницата се препорачува при нарушување на нивото на уреа во урината. Белиот (кај некои видови зеленкаст) слој кој се наоѓа веднаш под кората на лубеницата, исто така може да се јаде и е богат со хранливи состојки, но луѓето често го избегнуваат, бидејќи нема особен вкус. Лубеницата се користи и како зеленчук. Таа е благ диуретик и содржи голема количина на каротен. Прелиминарните истражувања покажуваат дека конзумирањето лубеница придонесува и за снижување на крвниот притисок – хипертензија.

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
                   

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Грозје Дрвена гајба 10kg
Грозје Пластична гајба 10kg

Галерија

ГРОЗЈЕ

Трпезното грозје е наменето за исхрана на луѓето, додека винското грозје служи за преработка, и од него се добива вино, ракија, шира, а исто така може и да се суши, и да се конзумира сушено, како стафиди. Трпезното грозје обично содржи помалку шеќер од винското, но кога се конзумира има поубав вкус. Сепак, при процесот на ферментација (преработка) грозјето го губи вкусот и шеќерот, па виното добиено од трпезно грозје е послабо и лесно се расипува. Во зависност од пазарот, ниско-квалитетните вина може да содржат сорти на грозје кои можат да се класифицираат во трпезно, особено сортата Томсон, која не содржи семки. Други видови трпезно грозје се: Виторија, Мишел, Мускат, Афус Али, Молдавија итн.

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
Vittoria                    
Michel                    
Muscat                    
Afus ali                  
Moldova                  

Тип на пакување

Производ Вид на пакување Нето тежина
Јаболко Картонска кутија 10-12kg
Јаболко Дрвена гајба
400 * 600 mm
15-16kg

Галерија

ЈАБОЛКО

Јаболкото вообичаено  се конзумира свежо. Во исхраната на луѓето се користи цел плод, со се лушпата, единствено семките се отстрануваат. Средишниот дел од плодот најчесто се отстранува и не се конзумира. Јаболкото наменето за исхрана се нарекува десертно или трпезно јаболко. Јаболкото исто така може да биде преработено, односно конзервирано или цедено. Јаболкото се преработува и од него се добива јаболкова шира (без-алкохолна, блага густа течност), која понатаму се цеди за да се добие јаболков сок. Сокот понатаму може да се ферментира и од него се добива јаболков сируп и јаболков оцет. Исто така, со преработка на срцевината, се добива масло од јаболкови семки и пектин.  Јаболкото има важна улога во исхраната на човекот, и се среќава како главна состојка во многу десерти, како на пример пита со јаболка, штрудла итн. Јаболкото исто така може да се конзумира и печено (се препорачува во исхраната на новороденчињата), обарено, како компот, и сушено. Од јаболкото се прави и џем, а во некои од светските кујни се прави и путер од јаболко.

 

Достапност

Достапен I II III IV V VI VII VIII IX X XI XII
Idared                
Golden delicious