ЗА НАС
ДПТТУ ТУРАН Иван ДООЕЛ е основано во 1999 година. Главната дејност на претпријатието е производство и извоз на свежо овошје и зеленчук во земјите од Југоисточна Европа.
Магацинот и седиштето се лоцирани во Богданци, во Југоисточниот дел од Македонија, на само 7 км оддалеченост од автопатот М1, дел од делницата Е75. Поради поволните климатки услови , над 80 % од производството на зелка, домати, кромид, пиперка и краставица се наоѓа во овој регион од Македонија.
Одличната географска локација, нашето сопствено производство, искуството во производство на овешје и зелнчук, совршената комуникација со нашите соработници и експерти ни овожможија да бидеме успешни повеќе од една декада.
Главни производи кои претпријатието ги извезува се: зелка, домати, кромид, краставица, пиперка, лубеница, јаболко и грозје. Производите се достапни во разлчни периоди од годината во која ние гарантираме испорака на бараните количини. Достапноста на производите е прикажана во делот за производи. Исто така, правиме напори да го испорачаме било кој производ кој нашите потрошувачи би го побарале.
Нашата цел е да ги промовираме нашите производи на нови пазари, да го зголемиме задоволството на нашите потрошувачи преку унапредувања во полето на производство, редење, пакување и дистрибуција на нашите високо квалитетни производи.
КАДЕ МОЖЕ ДА НЕ ПОСЕТИТЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА?